Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека на ден 18.08.2021 година (среда) поради дефект на затварач Ф-500 мм на крстосницата од улиците Цветан Димов и Џон Кенеди, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од следниве улици: Џон Кенеди, Цветан Димов, Панче Неделковски, Кемал Ататурк, Коста Абрашевиќ, Сараевска, Ордан Чопела, Јајце, Стојна Стевкова, Вергино, 7ма Албанска односно цела Општина Чаир со Топанско Поле, Скопје Север и Бутел 2, цела населба Железара и Автокоманда со улиците Јани Лукровски, Ташко Караџа и Трифун Хаџијанев.
Исто така без вода ќе останат Гинекологија Чаир, Поликлиника Железара и Ремедика.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот на ден 18.08.2021 година (среда) до завршување со санација на дефектот.