Поради дефект прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во Центар

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Поради дефект на секундарен вод од дистрибутивната топлинска мрежа (во близина на Собранието на РМ) привремено е прекината испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите од централното градско подрачје.

Без топлинска енергија се потрошувачите на улиците: „Даме Груев“ бр. 2, 4, 6 и 8, „Македонија“ ББ (Спомен куќа на Мајка Тереза, Дом на АРМ), бр. 6, 10 и 16. „Луј Пастер“ ББ (Палата Македонија), „11 Октомври“ бр. 6 и 8 и „Димитрие Чуповски“ 1

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и според проценката се очекува во најбрз рок дефектот да биде саниран, по што ќе се нормализира испораката на топлинска енергија.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.