Поради дезертерот Ковачевски и владата полоши во економија од Македонија се само Украина и Русија каде има војна

Македонската економија тоне заедно со стандардот на граѓаните, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија има највисока стапка на инфлација во регионот и една од највисоките во Европа. Последниот официјален податок за стапката на инфлација говори дека таа достигнала 16,7%, што е повеќе од просекот во еврозоната кој е 9,1%, од Србија со 12,9%, па дури и од Полска и Унгарија кои се во непосредното соседство на Украина кои имаат стапка на инфлација од 16,1% односно 15,6%.

Дезертерот Ковачевски бидејќи ја манипулира јавноста дека инфлацијата е секаде иста како во Македонија, па дури и во САД, треба да знае дека во САД инфлацијата е само 8,3%.

Ова покажува дека стандардот на народот стрмоглаво паѓа, а речиси двојно повисоката инфлација кај нас во однос на европската и американската економија, покажува дека во голема мера тоа што кај нас се случувс е предизвикано од домашни извори. Клучниот проблем на македонската економија е неспособната и криминална влада предводена од клептоманската СДС.

Во исто време излезе уште еден поразителен податок, а тоа е прогнозата на Светската банка за растот на БДП за оваа 2022 година. Според оваа реномирана институција растот на македонската економија ќе биде катастрофално мал од само 2,1%, а од нас полоши во Европа се само Русија и Украина. Ако на ова се додаде огромното ниво на инфлација, тогаш сме доведени во стагфлација во која малиот раст нема ниту да се забележи.

Ете до кое дереџе не донесе оваа власт предводена од дезертерот Ковачевски, Македонија да биде земја со уништен стандард, уништена економија, земја која проси храна и електрична енергија, земја која ја изеде корупцијата на власта, се вели во соопштението на партијата.