Синдикатот на вработените во Министерството за култура информира дека утре ќе одржи протест поради доцнењето на платите.
„Ве известуваме дека утре, 19 април со почеток во 13 часот, пред Министерството за култура ќе одржиме протест поради доцнењето на платите во културата, поради понижувачкиот однос кон културните работници со неразбирливи обиди да се скрати нивното право за усогласување на платите со постоечките колективни договори, поради крајно понижувачкиот однос на државата кон сопствените културни институции и сопствената култура“, информираа од Синдикатот на кулутура на Република Македонија, СКРМ.