![pozar francija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/pozar-francija.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Поради големите шумски пожари на југот од Франција ноќта кон средата се евакуирани 10.000 луѓе, соопштија локалните власти.
Пожарникарите се борат со огнената стихија во близина на местото Борме-ле-Момос на Азурниот брег. Француските власти претходно побараа помош од Европската унија во гаснењето на пожарот.
„Поради напредувањето на пожарот евакуирани се најмалку 10.000 луѓе. Станува збор за област во којашто бројот на жителите во текот на летото се удвојува, па и тројно се зголемува“, изјавил за AFP претставник на локалните власти.
Пожарникарите со денови се борат со неколку пожари на Корзика и на француската ривиера пред кои исчезнува вегетацијата на ридовите од кои се простира поглед кон летувалиштата преполни со туристи.
Според информациите од локалните власти, неколку пожарникари се повредени, а еден е хоспитализиран. Засега нема информации за загинати, за разлика од други делови на Европа, особено во Португалија каде што смртно настрадаа десетици луѓе.