Поради грешка „Тесла Моторс“ повлекува 123.000 возила

Американскиот производител на автомобили „Тесла Моторс“ повлекува 123.000 возила од најпродаваниот „Model 5“ поради проблеми со механизмот со управување, и за тоа преку електронска пошта ги извести во петокот купувачите на овие електронски возила.

Повлекувањето на возилата, најголемото коешто досега го прави кимпанијата на милијардерот и иноватор Илон Маск, се однесува на моделите на луксузнитге седани произведени во април 2016 година.

Инженерите на „Тесла“ утврдиле дека во постудено климатско опкружување завртките на механизмот за управување многу брзо кородираат, поради што управувањето со возилото станува потешко. Компанијата, исто така, соопшти дека нема никаква опасност за возачите, како и дека можат да продолжат да ги возат своите автомобили.

Засега нема извештаи за несреќи или повреди коишто би можеле да се поврзат со споменатиот недостаток.

Во вторникот акциите на „Тесла Моторс“ забележаа голем пад, откако американската администрација објави дека се истражува минатонеделниот фателен суда во кој учествувал и визилото на оваа компанија „Model X SUV“.