
Маж од хрватскиот град Сплит ја претепал сопругата со стол, а ќерката со тупаници затоа што се изнервирал поради изборите во Босна и Херцеговина(БиХ).
Судот во Сплит му одреди едномесечен притвор на 56-годишниот морнар. Според неофицијални информации кои ги објави Слободна Далмација, сплиќанецот бил под дејство на алкохол додека на телевизија ги следел изборите во соседната земја.
Мажот е уапсен под сомнение дека психички ги малтретирал сопругата и ќерката во последните две години нарекувајќи ги со погрдни имиња затоа што неговата сопруга има српско-босанско потекло. Човекот кој имал 110 килограми, легнал врз жената и на нејзината глава притискал со перница. Сплиќанецот поради ризик од влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, завршил во истражен затвор во Билице. Инаку, според ЕУ, изборите во БиХ покажале дека граѓаните имаат недоверба во институциите.