Европската унија планира да го блокира увозот на пилешко месо од девет живинарски фарми на компанијата BRF, а може да ги повлече и увозните дозволи за некои други бразилски производители, предупреди министерот за земјоделие на оваа јужноамериканска земја Блаиро Маџи.
„Кога станува збор за трговска војна, сведоци сме дека САД го воведуваат мотото ‘Америка на прво место’, но важи и она ‘Европа на прво место’. Работите се движат во насока којашто ќе предизвија тешкотии за сите вклучени страни“, предупреди бразилскиот министер.
Маџи очекува дека ЕУ до крајот на седмицава ќе ја објави финалнсата листа на живинарски фарми од кои ќе биде забранет увозот, а го вклучуваат на BRF и можеби и на некои други компании. Тврди дека зад европските санитарни стравувања, коишто според него не се технички втемелени, се сокриваат комерцијални мотиви.
„Ние сме на ударот на комерцијално ембарго, не станува збор за санитарни причини“, тврде бразилскот министер за земјодели на брифингот со новинарите, пренесува агенцијата Reuters.
Таквите трговски мерки не се во согласност со прописите на Светската трговска организација (СТО – WTO) и Бразил ќе побара основање оддел пред оваа меѓународнат организација за да се дебатира по ова прашање, то е првиот чекор во постапката за решавање на спорот, порачал Маџи, додавајќи дека неговиот ресор претходно мора да се консултира со министерството за надворешни работи.
Спорот околу увозот во ЕУ на бразилското пилешко се јави откако компанијата BRF е во нова фаза од полициска истрага поради сомневања дека се обидела да го заобиколи стандардите за безбедноста на храната. Маџи, пак, истакнува дека нема докази за проблеми со санитарните стандарди на бразелското пилешко. Од компанијата не сакале да дадат коментар.
Бразил пред 30 дена го сопре извозот на пилешкоп месо во ЕУ, со кој беа опфатени 10 од 35 фарми на BRF во оваа земја. Весникот Valor Economico во вторникот објави дека дефинитивното ембарго би можело да вклучува вкупно 15 погони на истата компанија.
Бразил минатата 2017 година извезол во ЕУ во просек по 6.400 тони пилешко на месечно ниво, според податоците на здружението ABPA. Според презентацијата на бразилскиот минситер за земоделие, Бразил лани во ЕУ извезол свежо засолено пилешко месо во вкупна вредност од 317 милиони американски долари, и свежо незасолено пилешко во вредноста од 118 милиони долари.