Од најголемата сингапурска банка DBS во средата се евакуирани околу 300 службеници, бидејќи кај еден службеник кој работел на истиот кат е потврдена заразата со новиот сој коронавирус, соопштија тамошните власти.
„Како мерка на претпазливост, сите вработени од тој кат ги испразнија просториите и работат од дома“, соопштија од DBS во изјава за медиумите, пренесува BBC.
Сингапур досега пријави 47 случаи на инфекција од новиот коронавирус кој во вторникот го доби официјалниот назив Covid-19.
Вработениот бил тестиран во вторникот и во средата е потврдено дека е заразен со коронавирост. Од DBS додавата дека „во овие тешки времиња на нашиот вработен и на неговото семејство им ја пружаме сета помош“.
Побарани се контакти за да се провери кој бил изложен на заразениот вработен. Заедничките простории, како лифотовите и санитарните простории се темелно чистени и дезинфицирани. На вработени им се поделени пакети со термометри, маски и средства за дезинфекција на рацете, а воспоставена е и специјална телефонска линија за лекарска помош.
Степенот на опасност од ширењето на заразата во Сингапур е подигнат на „портокалово“ ниво, што значи дека болеста е тешка и оти лесно се шири од човек на човек. Како последица на тоа, сите компании и многу јавни простори започнаа да ги скенираат вработените и посетителите, подари мерење на телесната температура како еден од симптомите за заразата.
Бројот на заразените од новиот коронавирус во Кина достигна 44.653 лица, а бројот на починатите од последиците на заразаа достигна 1.113 луѓе.