Поради коронавирусот во Словенија свикан Советот за национална безбедност

Поради брзото ширење на новиот коронавирус во Словенија ќе заседава Советот за национална безбедност, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Откако синоќа беше објавено дека бројот на заразени лица се зголеми на 16, а околу 1.000 се тестираат, премиерот во оставка Марјан Шарец одлучи да го свика Советот со цел да определат следните чекори на државата.

Дополнително ширењето на коронавирусот, пред се во Северна Италија, директно влијае и врз словенечката економија која трпи големи последици од неработењето на фабриките.

Токму за овој проблем денес министерот за економија Здравко Почивалшек се среќава со претставници на словенечките претпријатија за да разговараат околу штетите кои коронавирусот ги предизвикува врз економијата. Најголеми проблеми има во секторите туризам, трговија, логистика и производство.