Пратениците во германскиот Парламент ќе се откажат од редовното зголемување на платите оваа година поради кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Нивната плата во моментов е 10.080 евра, а во јуни требаше да се зголеми на 10.345 евра. Покрај тоа, тие добиваат 4.400 евра за други трошоци.
– Сметаме дека зголемувањето на платата на пратениците за време на најголемата криза што ја зафати Германија последниве години, би било проблематично“, изјави еден од челниците на демохристијанската пратеничка група Михаил Гросе-Бремер.
И другите парламентарни групи сигнализираа подготвеност за откажување од зголемувањето.
– Социјалдемократите се залагаат за откажување од зголемувањето на платите и јас верувам дека наскоро ќе биде постигнат договор со претставниците на другите парламентарни групи за ова прашање, рече претседателот на Социјалдемократската партија, Ролф Муценич.
Портпаролот на Либерално-демократската партија Марко Бушман го нарече овој потег логичен.
– Во време кога бизнисите низ целата земја забележуваат огромен пад на прометот и кога се воведуваат мерки, како што е работа со скратено работно време, сè друго освен откажување од зголемувањето на платите, би било чудна одлука, рече Бушман.