Работниците во Венецуела во наредните две недели ќе работат само два дена – понеделник и вторник со цел дополнително да се заштеди на потрошувачката на струја, најави тамошниот претседател Николас Мадуро, пренесуваат светските медиуми.
Администрацијата на Мадуро смета дека сушата ја предизвикува пацифичкиот климатски феномен Ел Нињо, а експертите изјавија дека кризата предизвикува и недостаток на инвестиции во инфраструктурата, како и евентуална корупција и злоупотреба на средствата.
Ова е последна од низата мерки за штедење кои венецуелските власти ги воведоа откако се појави сушата, а поради која опадна водостојот и со тоа хидроелектраната која е заслужна за дури 65% од електричната енергија функционира далеку со послаб капацитет.
Рестрикциите кои Венецуела ги воведе се скратено работно време и привремено исклучување на струјата и водата, воведување продолжен викенд и нови државни празници, но сушата сепак зазема поголем бран од што се очекуваше, па поради тоа е преземена и оваа мерка – да се работи само два дена.