Поради магла намалена видливост до 50 метри во Крушево

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла до 50 метри има во Крушево, информираат од ЈП Македонијапат.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација,како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.