Поради минирање утре во прекин сообраќајот на делницата Пресека – село Врбјани

На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – село Врбјани, сообраќајот ќе биде во прекин 15 – 20 минути меѓу 12:00 и 15:00 часот.

Како што соопшти ЈП „Македонија пат“, причина за прекинот е изведување градежни работи (минирање).