Поради неисчистен снег на коловозот излизга камион, затворен патот Демир Капија – Смоквица

На патниот правец Демир Капија-Смоквица во петокот вечерта се преврти камион, кој се излизгал на патот поради снегот и лошите услови на патот.

Во моментов овој патен правец не е прооден за сообраќај.

Покрај овој, вечерва привремено се во прекин уште неколку патни правци, главно поради неисчистениет наноси на снег кој ја зафати земјата од рано утрото. Меѓутоа, надлежните служби и локалните власти и до вечерта не успеаја да им овозможат безбедно патување на граѓаните.