Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, ЕНТ ОНТЕМ и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, денеска сопреле две патнички моторни возила и при извршениот преглед кај 40-годишниот Н.М. пронајдени се 200 куршуми калибар 7,62, а во другото возило кај лицето 48-годипшниот Е.Х. пронајдени се 100 куршуми калибар 9мм.
Приведено е и 41-годишниот И.Р, како одговорното лице и против него ќе биде поднесена кривична пријава, а стрелиштето ќе биде запечатено.
Лицата се приведени и против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 396 од Кривичниот законик.
Во координација со Секторот за оружје при Одделот за граѓански работи извршена е контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена продажба на муниција.