Од еден час по полноќ кон саботата по локално време компанијата RAO Nordic Oy“, којашто е во стопроцентна сопственост на руската „ИнтерРАО“ ќе го прекине увозот на електрична енергија во Финска, соопштија во петокот од „Fingrid“, која управува со електричната мрежа во земјата и додава дека прекинот во снабдувањето доаѓа поради тешкотии во прифаќањето на исплатите.
„RAO Nordic Oy, руската подружница на ИнтерРАО, кога тргува со електрична енергија преку приклучокот од 400 kV, ќе го прекине увозот на електрична енергија во Финска од сабота 14-ти мај 2022 гоина во 01, часот. Соред RAO Nordic Oy, тргувањето со електрична енергија ќе биде привремено прекинато поради тешкотиите во прифаќањето на плаќањата за испорачаната електрична енергија со која се тргува на пазарот“, се наведува во соопштението.
Притоа компанијата уверува дека финскиот пазар на електрична енергија ќе може да се снабди со количествата коишто ќе недостасуваат од други извори.
„Увозот што недостасува може да се надополни на пазарот на електрична енергија со увоз на повеќе електрична енергија од Шведска и делумно преку домашното производство“, изјави Реми Паивинен, потпретседател на „Fingrid“.
Компанијата „RAO Nordic Oy“, со седиште во Хелсинки, соопшти дека не примило исплати за испорачаната струја во Финска од 6-ти мај.
„Станува збор за вонредна ситуација којашто се случи првпат по повеќе од 20 години. Се надеваме дека ситуацијата наскоро ќе се подобри и дека испораките од Русија ќе се обноват“, наведва RAO Nordic Oy во соопштението и објаснуваат дека немаа средства за работи и оти се „присилени да го прекинат увозот на струја од 14-ти мај“.
Главниот увозник на струја од Русија кон нордиските пазари е „RAO Nordic Oy“, кој работи и во Европската унија од 2002 година.
Одлуката е објавен во времето кога претседателот и премиерката на Финска изјавија дека „без одложување“ по долгата воена независност на земјата иако тесно соработуваше треба да пристапи на НАТО. Изговор за иницијативата на Хелсинки беше руската офанзивав во Украина.
Москва договоритѕе дека таквата одлука претставува безбедносна закана за Русија и дека ќе биде „присилена да преземе реципрочни мерки, воено-технички и други, за да га зпаре заканата за својата национална безбедност“.
Претходно во петокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ги нарече „новинарски патки“ пишувањата на финските медиуми дека Русија наводно поради одлуката на Финска да бара членство во НАТО, ќе бидат запрани испораките на рускиот гас.