Поради неплатен долг исклучени беа само местата за заедничка потрошувачка во „Џевахир“, соопштија од ЕВН Хоме

ЕВН Хоме ги имаше исклучено од напојување со електрична енергија само мерните места за заедничка потрошувачка на Блок Б – Џевахир, по основ неплатен долг, соопштија во вторникот од компанијата.

Споменатите мерни места се веќе приклучени во мрежата и снабдувањето со електрична енергија во моментов е сигурно и стабилно.

Становите на жителите во кулата не биле исклучени, се истакнува во објавата на операторот. Се додава и дека прекинот во нивното снабдување настанал поради реакција на внатрешниот систем за заштита на самата кула. Сепак, и оваа ситуација е надмината.

„ЕВН Хоме секогаш го користи исклучувањето на корисниците како крајна мерка. Во врска со исклучувањето на заедничката потрошувачка, до сопственикот на броилото навремено било испратено напомена пред исклучување“, посочуваат од компанијата.