Поради неспособноста на Арсовска учениците не можат да стигнат на училиште

Градоначалникот на Општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, во гостувањето на МТВ посочи дека состојбата во Град Скопје предводена од Данела Арсовска, како и во градските претпријатија, е катастрофална, нагласувајќи дека тоа, за жал, преку Јавното сообраќајно претпријатие го чувствуваат сите патници, меѓу кои и учениците.

-Со постоечката законска регулатива во делот на јавниот транспорт не постои можност за одземање на таа надлежност. Сите градоначалници од скопските општини на заедничка прес -конференија упативме апел и загриженост за состојбата во ЈСП. Ние обезбедуваме финансии за превоз на ученици, а тој не е редовен, а некаде и воопшто го нема. Конкретно, во Усје за тоа пред неколку дена имаше протест од жителите. Покрај проблемите со хигиената, со ЈП Паркови и зеленило, сега сме сведоци дека градоначалничката Арсовска преку ЈСП продолжува да се изживува со сите скопјани, меѓу кои се и најмладите ученици, со тоа што не обезбедува соодветни услови за транспорт за да стигнат до своите училишта, изјави Ѓорѓиевски.