Поради невремето, Пиволенд 2022 со нов датум, ќе се одржи од 3 до 7 септември

Големото невреме што го зафати Скопје и околината, како и најавите за невреме и деновите кои следуваат, направија организаторите на Пиволенд 2022 од безбедносни причини да го преместат датумот за почеток на најголемиот пивски фестивал во земјата- Пиволенд 2022. Новиот датум за почеток на Пиволенд 2022 ќе биде на 3 септември (сабота), а ќе трае до 7 септември (среда), соопштија организаторите.

Промената во датумот доведе и до промена во програмата кај музичките изведувачи,  настапот на музичките артисти на двете сцени „Main Stage“ и „Craft Stage“.

Оваа година, Пиволенд ќе понуди програма со повеќе од 50 артисти во текот на петдневниот настан, над 100 видови на пиво и забава која наговестува голема посетеност, како и можноста да се купи маичка и кригла брендирана со дизајнот на фестивалот преку која ќе се донира за здружението „Во мојот свет“, информираа организаторите.