Над 500.000 лица останаа без електрична енергија во централните и североисточните држави во САД, кои викендов беа зафатени од силни снежни врнежи и ледени дождови пропратени со силен ветер, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
Од невремето најмногу се зафатени и погодени државите Мичиген и Мејн. Таму без струја во пресрет на Божиќ состанале 300 илјади, односно 100 илјади корисници.
Лошото време во САД веќе зеде 14 жртви.