Средбата на министрите за надворешни работи на Франција, САД, Велика Британија и Германија на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк е одложен поради споредот около новиот индопацифички одбранбен и безбедносен сојуз AUKUS, изјави германскиот шеф на дипломатијата Хеико Маас.
Француската страна се откажала од состанокот планиран за средата. Состанокот не е откажан, туку е само одложен, уверува Маас.
Причината за тоа е „незадоволство на француската страна“ за кое Маас рече дека „може да го разбере“. Шефот на германската дипломатија рече и дека „некои работи треба да бидат решени пред да е сретнат во овој формат“.
Американскиот Стејт департмент, пак, за проблемот со организирањето на министерскиот состанок ги обвини „проблемите со распоредот“. Претставничкана американската дипломатија за медиумите рекла дека распоредите се „динамични“ и дека допра треба да се види дали овој состанок е нужен оваа седмица.
Додала и дека американскиот државен секретар Ентонин Блинкен и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан ќе имаат можност да се сретнат подоцна оваа седмица.
САД, Велика Британија и Австралија ненајавено ноќта кон 16-ти септември објавија дека склучиле нов одбранбен сојуз со акронимот AUKUS. Поради пактот, Австралија го откажа договорот за набавка подморници од Франција во износ од 60-ина милијарди евра. Истовртемено Канбера објави дека склучила договор со Вашингтон и Лондон за набавка на нивни подморници на нуклеарен договор, наместо француските би требало да бидат конвенционален погон случен пред пет години.
Францускиот преседател Емануел Макрон, зад чиј грб како што објавија британските медиуми бил договоран пактот на самитот на Г7 во англиски Корнвол од 11-ти до 13-ти јуни годинава, ги отповика амбасадорите од Австралија и САД, што е многу невообичаен потег меѓу сојузниците.
И шефот на германската дипломатија го критикуваше новиот сојуз. „Таа одлука и начинот на кој беше пласирана во јавноста се вознмирувачки. Ова е отрезнување, не само за Франција“, оцени Маас.