Поради одроните патот Истибања – Каменица ќе биде во прекин и следните четири дена

Градоначалникот на општина Виница, Ивица Димитров, попладнето во неделата објави на социјалните межи дека патниот правец од селото Истибања до Македонска Каменица ќе биде во прекин уште најмалку четири дена.

Димитров денеска беше на местото каде има одрони на карпите и информираше дека е веќе договорено со компанијата „Гранит“ да се минираат и другите напукнати карпи, а тоа ќе значи дека патниот правец ќе биде затворен во следниве 3-4 денови.

Алтернативно решение е патниот правец од Пекланска река – Биглата.