Сообраќајот на патниот правец Кичево – Охрид, кај превојот Пресека, се одвива во една коловозна лента поради одрон, информираат од ЈП Македонија Пат.
На патниот правец А2, Кичево – Охрид на планинскиот превој Пресека поради одрон сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од два до пет метри.
Екипите на Јавното претпријатие работат на негово расчистување и нормализирање на сообраќајот. Се препорачува внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Посочуваат дека нивни екипи работат на расчистување на одронот и нормализирање на сообраќајот.