
Поради поголем одрон сообраќајот на магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража се одвива по една коловозна лента со присуство на сообраќајна полиција, информираат од АМСМ.
Екипите на Јавното претпријатие „Македонијапат“ се на лице место и работат на расчистување.
Одронот е на два километри пред планинскиот превој на магистралниот пат A2 крак Маврово – Стража.