Илјада летови во средата во САД се одложени или приземјени, бидејќи Федералната управа за воздухопловство (FAA) правела напори да го поправи системот кој паднал, па на патниците им е порачано да ги следат информациите на воздухопловните компании.
Од FAA им наредиле на авиокомпаниите да ги одложат сите домашни летови од 9 часот наутро за да ѝ се овозможи проверка на информациите за летовите и безбедноста.
На летовите кои веќе биле во тек им било дозволено продолжување патот кон крајните дестинации. FAA објави дека работи на поправање на системот кој ги предупредува пилотите на опасности и промените на аеродромите.
„FAA сѐ уште работи на целосно враќање на системот NOTAM по падот. Додека некои функции почнуваат да се враќаат на мрежата, операцијата на Националниот систем на воздушниот простор остануваат ограничени“, објавија од Управата на Twitter.
NOTAM, што е кратенка за Notice to Air Mission System, систем кој содржи клучни информации за персоналот задолжен за летовите.
Одложени се вкупно 1.230 летови во, кон или од САД до 7,20 часот наутро во средата по локално време, покажуваат податоците на страницата за следење на летовите FlightAware. Дополнително е објавено дека се одложени уште 103 летови.