Стотици лица се ангажирани во неделата вечерта во совладувањето на пожарот кој го зафати националниот парк Доњана на југозападот од Шпанија, и изнуди евакуација на повеќе од 1.800 луѓе, објавија властите.
Вкупно 550 пожарникари се мобилизирани, соопшти регионалната власт, додека службата за итни случаи наведе дека 23 авиони и хеликоптери се ангажирани во гаснењето на пожарот.
Справувањето со огнената стихија го отежнуваат ветрот и високата температура, изјавил портпаролот на службата за превенција и гасење на пожарите.
Пожарот избувнал во саботата вечерта во областа Могуера, минал преку границите на природниот резерват на биодиверзитетот Доњана, кој е под покровителство на УНЕСКО.
Според дневниот весник El Pais, центарот за одгледување на европските рисови може наскоро да биде евакуиран заедно со животните згрижени во него.