Поради прекинот на струјата умреа 24 пациенти во болницата „Ал Шифа“ во Газа

Поради израелското запирање на снабдувањето со струја и горива за генераторите починале уште 24 пациенти во болничкиот комплекс „Ал Шифа“ во градот Газа во којашто израелската сила бара наводно оружје на исламистичкото движење Хамас, а израелските трупи влегуваат и во друго болници во палестинската енклава.

Палестинското министерство за здраство објави дека во израелските напади досега се убиени повеќе од 12.000 Палестинци, од кои повеќе од 5.000 се деца. Според податоците на ОН раселени се меѓу 1,65 од 2.4 милиони жители на Појасот Газа. Во четвртокот палестинската страна објави дека 24 од 35 болници повеќе не работат, а деветте други се само делумно во функција.

Според податоците на URWA 70 отсто од население нема пристап до вода за пиење на југот на појасот Газа, каде што се засолнија од израелските бомбардирања, но и таму се под напади, и каде Израел ги бомбардираше резаервоарите со вода за пиење кои се излеаја на улиците.

„Со доаѓањето на зимата, привремените засолништа кои се преполни, цивилите се соочени и со недостиг од вода за пиење и им се заканива глад“, предупреди Светската програма за храна.

Израел претходно во петокот извести дека се согласил да дозволи испорака до два камиона со горива на ден во опсадената енклава Појасот Газа, која е под целосна израелска блокада уште од 2007 година, и каде само помалку од десет болници на 2,4 милиони жители сѐ уште работат додека другите се вон функција поради прекинот на струјата и прекинување на испораката на медицински материјали поради што во болнците операциите се одвиваат и без анестезии а во петокот од тие причини починале десетина пациенти на одделот за интензивна нега во Индонезиската болница во Газа.

Портпаролот на министерството за здравство Ашраф ал-Кидра изјавил за AFP дека 24 пациенти починале во последните 48 часови во болницата „Ал Шифа“, „бидејжи животно важната медицинска опрема престана да работи поради прекинот на струјата и престанувањето на работа на генераторите“.

Два камиона со гориво на ден само се минимален дел од приближно 50 камиони колку што секојдневно влегуваа во Појасот Газа пред почетокот на војната на 7-ми октомври, објави агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци UNRWA.

Во болницата „Ал Шифа“ ситуацијата е „катастрофална“ за пациентите, раселените цивили во Газа и болничкиот персонала, натискани без струја, без вода и без храна, изјави за AFP директорот на болницата д-р Могамед Абу Салмија. Според процените на ОН, во моментов во кругот на болничкиот комплекс има најмалку 2.300 цивили.

Израелската војска за AFP изјавила дека продолжува да го пребарува големиот болнички комплекс во кој, како што тврди без да пружи уверливи докази, Хамас наводно ја користел за чување оружје, а под неа наводно ископал мрежа тунели, но Хамас и странските лекари во болницата го негираат тоа.

Израелската војска извести за нови жртви во своите редови, и во петокот таа бројка изнесува 51 загинат по почетокот на копнената офанзива на 27-ми октомври, покрај 312 убиени војни во нападот без преседан според масовноста, координираноста, видот на оружјата и бруталност од 7-ми октомври кога Хамас продре во воени бази, населби и градови во јужен Израел.

Обединетите нации со седмици веќе бараат испораки на горива за Појасот Газа за да се овозможи работење на болниците, а камионите да можат да ги испорачаат медицински материјали и хуманитарна помош за да се избегнат ширењето зарази и глад.

UNRWA објави во петокот дека нема да може да ја координира дистрибуцијата на помошта поради блокирањето на комуникациите, и поради тоа што нема горива за генераторите.