Поради проблеми одложено тестирањето на хиперзвучен проектил во САД

Пробното лансирање на хиперсонично оружје во САД е одложено поради тоа што ракетата-носач, којашто требало да го понесе надзвучниот проектил не можела да полета, објави Reuters повикувајќи се на свои извори во четвртокот.

Според овие податоци, тестот требало да ја потврди оперативноста на поединечните елементи на планираниот хиперзвучен блок кој сѐ уште е во развој, меѓутоа тестовите биле неуспешни.

Од Пентагон за РИА, службената новинска агенција на Русија која успешно лансираше веќе неколку типови хиперсонични проектили, ја потврдиле информацијата на Reuters за неуспешниот тест појаснувајќи дека се појавил проблем со системот за забрзување на проектилот. Додале дека станува збор за „ексепримент за собирње податоци“, кој на 21-ви октомври требало да се изведе на космодромот Кодијак во близина на брегот на Алјаска.

„Испитувањата не беа спроведени поради откажувањето на забрзувачот. Забрзувачот, кој беше користен во испитувањата, не е дел од програмата за развој на хуперсонично оружје“, го цитира агенцијата писмениот одговор од Пентагон.

Американската армија развива најмалку три типа хиперсонично оружје: стандардно брзо ударно оружје за морнарицата, хиперсонично оружје со долг дострел и ист тип оружје за воздухопловните сили.

Претходно во јули годинава, американското воено воздухопловство потврди дека второто тестирање на хиперсоничниот проектил лансиран од воздух (ARRW) не било успешно поради отказ на моторот, а во текот на претходниот тест во април се јавил проблем со ракетата-носач. Во септември беше известено за три успешни тестирања на прототипите на компонентите од надзвучна ракета.

Претходно во четвртокот американското Министерство за одбрана најави три лансирања на геофизички ракети, во текот на коишто успешно била тестирана технологијата неопходна за создавње хиперонично оружје. Американската министерство истакна дека тестовите со употреба на геофизички ракети се средната фаза меѓу пробите на почвата и целосните пробни летови на хиперсоничките системи.

Оваа среда американскиот претседател Џо Бајден призна е дека загрижен за тестирањата на хиперсонични ракети кои ги тестира Кина. Во тој контекст претставници на Пентагон повеќепати предупредуваат дека САД заостануваат зад Русија и Кина во развојот на хиперсоничното оружје. Рускиот претседател Владимир Путин уште кон крајот на декември 2019 година истакна дека Русија првпат во историјата предничи во однос на други земји во однос на развој на напредно оружје, при што ги истакна хиперсоничните проектили.

Хиперсоничното оружје е тешко да се пресретне, поради брзната што ја достигнуваат овие проектили пет до девет пати поголема од брзината на звукот. Западните воени стручњаци вниманието го насочуваат на напредната руска нова генерација ваков вид вооружување, имајќи предвид дека комбинацијата од брзина, маневрирање и надморската височина го отежнува нивното радарско следење и пресретнување.