
Утре поради најавен протест на група граѓани со блокирање нa крстосница на булеварот “Србија“ со булеварот “Борис Трајковски“ во времето од 07:00 часот сообраќајот ќе биде пренасочен по локален пат кон Горно Лисиче, булеварот “12-та Македонска Бригада“, булеварот “Трета Македонска бригада“ и улицата “Народни херои“.
-Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, велат од МВР.