Во декември и ноември нагло порасна побарувачката за девизи во Украина каде што веќе 20-на дена има сериозни политички немири.
Киевскиот весник „Комерсант“, повикувајќи се на податоци од Народната банка на Украина, пишува дека минатиот месец низ земјата била забележана побарувачка на девизи во вредност од 782, 6 милиони долари, што е најголем износ во изминатите 12 месеци.
Весникот потсетува дека лани непосредно пред парламентарните избори била забележана рекордна месечна побарувачка на девизи во вкупна вредност од 1,5 милијарди долари.
Пред политичките немири, кои украинската опозиција ги организираше поради одбивање на власта да потпише договор за придружување кон ЕУ, граѓаните на Украина повеќе ги продаваа девизите отколку што ги купуваа.
Но сепак еден финансиски аналитичар истакнува дека актуелната политичка криза е главен виновник поради зголемената побарувачка на девизи и дека курсот на украинската валута, на почетокот на овој месец ослабнал за 8,4 единици за долар.