Поради развод со сопругата, маж сака да скокне од зграда кај Мавровка (ВИДЕО)

Во тек е спасувачка акција на полицијата и Територијалната противпожарна единица на Град Скопје кои се обидуваат да спасат маж кој сака да скокне од тераса на станбена зграда во близина на трговскиот центар „Мавровка“.

Вистинска драма се случува утрово во близина на трговскиот центар „Мавровка“, каде маж се заканува дека ќе скокне од зграда.

Репортерите на „Коха“ од местото на настанот известуваат дека скопјанецот поради развод од сопругата се качил на кров од зграда кај споменикот Скендербег и се заканува дека ќе скокне.

Екипи на полицијата, пожарна и Брза помош се на местото на настанот, а според информациите полицијата веќе два часа се обидува да го оттргне од неговата намера.

Од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје велат дека нивни екипи се испратени на терен, а поставен е и душек во близина на зградата.

Видеото можете да го погледнете на следниот линк.