Поради санација на дефект на магистралниот вод нема греење во Центар

Поради санација на дефект на магистралниот вод од дистрибутивната топлинска мрежа од топланата Исток што води кон строгиот центар на градот, корисниците во овој реон утрово се без греење.

Екипите на Дистрибуција со топлина Балкан енерџи се на терен и забрзано работат на саниција на проблемот. Според проценката се очекува во најбрз рок, за 2 часа дефектот да биде саниран, по што ќе следи полнење на водот и нормализирање на испораката на топлинска енергија. Греењето се очекува да се стабилизира околу пладне.

За дополнителни информации потрошувачите можат да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.