Пет натпревари во НБА лигата, од кои во две требаа да играат Бруклин Нетс, се одложени поради растечкиот број на случаи на зараза со коронавирусот во најдобата кошаркарска лига на светот.
Покрај Нетс, поради зголемениот број заразени играчи клупски персонал, односно оние по според правилникот на НБА мораа да влезат во здравствениот и сигурносен протокол, одложени се и натпреварите на Кливленд Кавалирс, Орландо Меџикс и Филаделфија 76ерс.
Одложени се дуелите Филаделфија – Њу Орлеанс, Атланта – Кливленд и Бруклин Денвер кои требаа да се ограат ноќва кон понеделникот. Ноќта од понеделник кон вторник нема да се игра натпреварот Торонто – Орландо, а ноќта од вторник кон среда од распоредот отпадна дуелот Бруклин – Вашингтон.
Најтешко погодени од новиот бран на коронаинфекци исе Бруклин Нетс, кои имаат двет играчи кои не можат да настапат, а меѓу нив се и нивните три најголеми ѕвезди Кевин Дјурант, Џејмс Харден и Кајри Ирвинг кој е вратен во тимот за госитенските дуели, иако и натаму не ја прими вакцината против Covid-19.