Поради штрајкот колоните во Париз над 600 километри

Колоните во областа на француската престолнина поради штрајкот вкупно надминаа 600 километри на 12-от ден од штрајкот против плановите на владата за реформа на пензискиот систем.

На кадрите емитувани на националните телевизии се гледа дека пикот на застојот во сообраќајниот метеж бил околу 9 часот, и бил речиси двојно поголем отколку што е вообичаено во текот на утрата во Париз.

Синдикатите ја повикуваат владата на претседателот Емануел Макрон да ги преразгледа или да ги повлече плановите за единствениот пензиски бодовен систем. Огорчени поради владината одлука да ја зголеми минималната возраст за заминување во целосна пензија на 64 години, умерените синдикатите им се придружија на најжестоките синдикати во повикот за повторни протести во вторник.

Поголемиот дел од париската подземна железница остана затворен или работи минимално, а сообраќајот на приградските железници, исто така, е нарушен.

Лорен Бержер, водач на умерениот синдиката CFDT, во меѓувреме за мрежата FranceInfo изјави дека би требало да се воспостави „примирје“ во текот на штрајкт за да им се овозможи на луѓето да патуваат дома за Божик.