Обилните дождови предизвикале уривање на повеќекатници во индиската фиансиска престолнина Мумбаи, прои што загинанеле 12 лица а уште неколку лица се повредени.
Шестокатница во јужниот дел од градот била дома на пет или шест семејства кои не ги послушале советите на властите да ја напуштат зградата на која се изведувале поправки, рекле очевидци.
Две лица биле прогласени мртви во четвртокот ноќта, а припадниците на спасувачките служби уште четири жртви извлекле рано утрото во петокот.
Шефот на градската противпожарна служа предупредил дека „не може да се исклучи опасноста од ново уривање“.
Малку претходно се урнала уште една зграда во западното предградие Малад, при што загинале уште шест лица, од кои едно дете.
Секоја година обилните дождови ја нарушуваат статиката на помалите но и на големи згради, кои според оцените на властите се преопасни за живеење.
Поради дождовите претходните денови, метеоалармот е подигнат на „црвено“ ниво за градот Мумбаи и околината.