Поради скандалите со сексуални злоставувања на деца

Папата Франциск закажа за февруари следната година состанок со претседателите на сите бискупски конференции ширум светот на тема спречување на сексуалната злоупотреба од страна на свештенството и заштитата на децата.

Советниците на папата ја објавија одлуката денес, а причина е фактот дека сексуалните скандали во Католичката црква доведоа до криза во управувањето со црквата.

Состанокот, кој ќе се одржи од 21 до 24 февруари, е прв од ваков вид и сигнализира дека сексуалното малтретирање е глобален проблем, а не само англосаксонски, како што многу црковни водачи одамна предупредуваа, објави АП.

Управувањето на Католичката црква од Франциск беше разнишано по обвинувањата дека тој го рехабилитирал американскиот кардинал кого Бенедикт Шеснаесетти го казни за малтретирање и вознемирување на возрасни свештеници.