Сите државни служби на подрачјето на Вашингтон денеска се затворени поради доаѓањето на нова снежна бура која што ќе го погоди источното крајбрежје на САД, пренесуваат тамошните медиуми.
Поради невремето, кое што денеска ќе го зафати подрачјето на Вашингтон, како што предвидуваат метеоролозите, ќе наврат дури 23 сантиметри снег. Поради тоа за денеска е одложено гласањето во двата дома на американскиот Конгрес, во Сенатот и Претставничкиот дом.
„Државните канцеларии на Вашингтон се затворени“, објави синоќа американската Управа за државна администрација на Округот Колумбија.
Државните училишта на подрачјето на Вашингтон ја откажале наставата и денеска ќе бидат затворени, но ист е случајот и со канцелариите на локалните власти во Вашингтон, поради што и градоначалникот Винсент Греј за 11-ти март го одложи својот годишен говор околу состојбата во тој Округ.