-3.2 C
Skopje
понеделник, ноември 25, 2024

Поради сомневање од корона, Германија од границите вратила 196. 000 лица

Германската полиција одбила влез на 196.000 лица на граничните премини под сомнение за инфекција со коронавирус, објави денеска „Билд ам зонтаг“ пред укинувањето на контролите на границите.

Тој рече дека граничните контроли од 16 март, кога тие проверки биле привремено воведени, ги извршиле 6.000 полицајци.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 122 полицајци се заразени со вирусот, но без детали.

Зихофер рече дека тие задачи биле меѓу најсложените полициски операции и ги пофали полицајците за нивната работа и им се заблагодари во името на целата влада.

Германија планира да престане да ги спроведува граничните контроли од полноќ, воведени поради пандемијата на „ковид-19“.