Поради сообраќајна несреќа во близина на село Градец во прекин е сообраќајот на магистралниот пат А1 во правец од Гевгелија кон Демир Капија, информираат од АМСМ. Според првичните информации две лица се полесно по вредени.
Порталот „Курир“ дознава дека во несреќата учествувале четири возила, од кои едното е со дипломатски таблички.
Од МВР за Курир ја потврдуваат несреќата информирајќи дека увидот е во тек, а сообраќајот е во прекин. Повеќе детали најавуваат по завршување на увидот.