
Полицијата, која темелно го испитува случајот, се сомнева дека правта би можела да содржи спори на отровот антракс.
Според медиумите, инцидентот кој предизвила паника меѓу вработените и граѓаните, се случил додека поштенски службеник утрово отворал една поштенска пратка.
Веднаш по пријавата на инцидентот на терен излегле пожарникари и експерти хемичари од Келн и Есен. Медицинските екипи ги прегледале петте вработени во поштата, а евентуалната хемиска контаминација треба да биде утврдена во текот на денот.