
Поради уличен дефект на улицата „7“ без број, кај Поштата, во село Батинци, без вода утрово се неговите мештани и корисниците од селото Љубош, соопштија од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето е прекинато од 7.45 часот и ќе биде до санирање на дефектот.