Поради временските неприлики се одложува концертот на „Љубојна“

Поради временските неприлики, концертот на групата „Љубојна“ со кој требаше да се отвори културното лето „Три круши 2016“ и беше закажан за вечерва, се одложува.

Од општина Кисела Вода информираат дека се одложува и театарската претстава која требаше да се одржи утре вечер.

Истите ќе бидат одржани во нов термин, за кој општината дополнително, навремено ќе извести.