![zemjodelci protetsi skopje 3](https://netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/10/zemjodelci-protetsi-skopje-3.jpg)
Со СДСМ веќе четврта година нема навремена исплата на субвенциите. Земјоделците се оставени без пари, а со огромни трошоци и давачки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека Владата нема завршено една мерка.
„Проектите и мерките од Програмата за рурален развој не се завршени. СДСМ нема политика со која не им штети на земјоделците, таков е примерот и со покачувањето на цената на горивата, првенствено заради даноците и акцизите наметнати лично од Заев. Само за време на Заев и само заради негова одлука земјоделците плаќаат 10 денари поскапа нафта, а со новите измени и новиот данок ќе биде над 14 денари. А за тоа колку е континуирана поддршката на СДСМ за земјоделците гледаме дека се самороганизираат земјоделците од сите делови на државата за да протестираат во сред лето“, стои во соопштението на партијата.