
Во понеделникот во 17.30 часот на улицата „Бутелска“ во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода А.К. на 48, Е.Е. на 39 и Н.К. на 20 години, сите од Скопје.
Тројцата биле пријавени дека претходно околу 16.30 часот на булеварот „Гоце Делчев“, по расправија со пиштол му се заканиле на 38-годишниот И.М. од скопското село Сингелиќ.
По преземени мерки пиштолот бил пронајден, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.