Американската, австралиската и британската влада ги предупредија своите државјани да не се упатуваат кон аеродромот во авганистанската престолнина поради закани со терористички напад, пренесуваат агенциите во четвртокот во периодот кога наближува крајниот рок за спроведување на евакуацијата.
Австралиското министерство за надворешни работи во четвртокот го ажурираше советот на својот сервис Smartraveller, во кое ги предупредува своите државјани да не одат на кабулскиот аеродром „Хамид Карзаи“, а на оние кои веќе се наоѓаат во неговата близина „да се засолната на безбедно место и да ги чекаат натамошните совети“.
Американската амбасада во Кабул во новата препорака за државјаните на САД анведува „безбедносни закани пред влезот на аеродромо“, и ги советува да го „избегнуваат заминувањето на аеродромот и да го избегнуваат влезот во аеродромот во овој момент, освен доколку не добијат индивидуални упатства од претставниците на американската влада тоа да го сторат“.
Во предупредувањето натаму се наведува дека американските државјани кои веќе се пред влезот на аеродромот „треба веднаш за заминат“ од таму.
И британската Канцеларија за надворешни работи, Комонвелтот и развој (FCDO) издаде слични совети во средата ноќта.
Десет дена откако талибаните го заземаа Кабул, можностите за продолжување на воената евакуација од Авганистан брзо згаснуват, при што американскиот претседател Џо Бајден се придржуваше до плановите за повлекување на американските сили до 31-ви август.
Доколку американските војници го напуштат кабулскиот аеродром до тој датум, во државата под контрола на талибаните безбедноста на аеродромо за натамошните воздушни евакуација нема да можат да се гарантираат. Состојбата е хаотична, бидејќи на аеродромот се слеаја маси луѓе во надеж дека ќе успеат да се качат на некој лет пред истокот на овој рок.