Турција ќе му каже на американскиот државен потсекретар Џон Бас за време на разговорите во Анкара оваа седмица дека Сирија мора да се ослободи од „терористичките групи“ за да се постигне стабилност и безбедност, изјави извор од турското Министерство за надворешни работи за Reuters во четвртокот.
Посетата на Бас доаѓа во време кога Турција се заканува со воена офанзива во североисточна Сирија против курдскaта милиција Единици за заштита на народот (YPG) доколку милицијата не ги исполни нејзините барања.
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во средата рече дека Соединетите држави работат „многу напорно“ за да ги решат „легитимните безбедносни грижи“ на Турција и да ја спречат офанзивата на Анкара против курдските борци во Сирија.
Курдската милиција YPG ги предводи Сириските демократски сили (SDF), сојузник на САД во Сирија кои имаа значајна улога во копнените судири против Исламската држава. Анкара ги смета YPG за терористи и продолжување на курдските милитанти кои со децении се борат против турската држава. Турција сака милицијата да се разоружа и да се распушти.
Бас ќе разговара со замениците на министерот за надворешни работи на Турција за време на неговата посета на Анкара во четврток и петок, со фокус на Сирија.
Од двете страни се очекува „да се фокусираат на чекорите за воспоставување стабилност и безбедност во Сирија и да го поддржат создавањето на инклузивна влада“, рече изворот.
Анкара го повторува своето барање Вашингтон да престане да ја поддржува YPG. Таа веќе изврши неколку офанзиви против милицијата и контролира делови од територијата во североисточна Сирија.
Позицијата на сириските Курди се влоши по соборувањето на поранешниот претседател Башар ал-Асад, бидејќи новата влада на сунитските бунтовници беше воено поддржувана од Турција.
Најмалку 37 лица, вклучително и пет цивили, загинаа во судирите меѓу курдските сили и оние поддржани од Турција во северна Сирија во четвртокот, објави Сириската опсерваторија за човекови права (SOHR) со седиште во Лондон. Невладината организација известува за „жестоки борби околу Манбиџ“ во изминатите неколку часа меѓу SDF и сунитската Сириската национална армија (SNA), поддржани од турските воздухопловни сили.
Опсерваторијата тврди дека повеќето од загинатите биле припадници на протурските сили, заедно со шест борци на SDF. Дадава дека најмалку 322 лица се убиени од почетокот на конфликтот околу Манбиџ во декември. Градот Манбиџ, кој со години го држе курдските сили, падна во рацете на протурските вооружени групи во декември.
Водачот на SDF, Мазлум Абди во средата објави дека побарал од Дамаск да „интервенира“ за да се постигне прекин на огнот.