Како што беше претходно најавено, во саботата во Тетово со почеток од 13,30 часот се оддржа протестен марш во чест на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово.
„Дојдов тука на овој марш во знак на почит кон починатите. Лично се гледам како одговорен, бидејќи овие последни години сите ние сме молчеле, на сите лоши работи што се случувале овде и ова е капка на се, на сите трагедии што овде се случуваат последните години и се надевам дека народот веќе ќе сфати дека мора да се направи нешто, а да се направи нешто мора да се почувствува секој одговорен, затоа што со нашето молчење со нашето проголтување на сите лоши работи кои се случиле ние на некој начин сме дале придонес за ваквите работи. Се надевам дека ќе се освестиме сите и ќе дадеме придонес да ги спречиме овие работи“, изјави Беким Демири, учесник на маршот.
Маршот беше мирен, започне од централниот градски плоштад и заврши пред болницата во Тетово. Мноштво народ излезе и се придружи на овој протестен марш оддавајќи им почит на трагичнно изгубените 14-те животи.