Пораката е јасна, криминалот во Македонија веќе не е исплатлив!

Директорот на БЈБ, Александар Јанев вели дека борбата против криминалот е еден од нивните приоритети.

„Нашата порака е јасна, криминалот во Македонија веќе не е исплатлив. Се бориме неселективно и решително, без компромиси, а спроведената акција во Арачиново и околината е показател за тоа. Оваа операција, донесе сериозни резултати, пронајдени се 14 гранати, ТНТ експлозив, автоматско оружје и други експлозиви, кои беа скриени под земја.
Благодарност до сите колеги кои се вклучени во акцијата, нивната посветеност и храброст носат резултати!

Безбедноста на граѓаните и на државата е наша обврска, продолжуваме да се бориме против криминалните групи со максимална посветеност и професионализам“, напиша Јанев на Фејсбук.