Овој некогаш високопозициониран политичар и доктор на науки, како што дознава српски Курир, се нашил на улица после разводот и губењето на својата професорска работа.
Тој замрзнат и гладен, неодамна на клупа во парк по пријава на граѓани го пронашле лекари од најблискиот дом за здравје.
Човекот беше во еден од белградските паркови на поларните температури сред ноќ. Беше целосно изнемоштен, се тресеше од ладното, на себе имаше тенка јакна, а до него имаше ранец. Еден од минувачите го примети човекот како со часови седи на клупата па реши да го пријави на дежурните во најблискиот дом за здравје. Екипата брзо дојде, се увери дека не е пијан, туку само слаб и истоштен. Воопште не криеше дека е регистриран бездомник, но му беше доста непријатно. Со себе немаше документи, но ни рече како се вика и дека бил министер и универзитетски професор. Ни раскажа како во скоро време ја изгубил работата, дека во меѓувреме се развел и дека се иселил од заедничкиот стан, велат извори за срспки Курир.
Според наводни соговорници, лекарите кои се обиделе да му помогнат дури тогаш го препознале.
Не личеше на себе, беше многу запуштен. Не молеше да не го носиме во прифатилиште за бездомници, каде може да се избања, згрее и јаде. Одмавнуваше со раце и велеше дека има пријатели кои ќе можат да му дадат преноќувалиште. Ни даде и адреса, меѓутоа кога стигнавме таму видовме дека и куќата не е во завдина состојба, но тој инсистираше тука да го оставиме, открива соговорникот.